Сакам да ве информирам дека, денес на 21.05.2007, и ние успеавме да го поминиме успешно интервјуто и да ги земиме сертификатите. Прашањата се стандардни, Оперман е супер човек, очигледно е дека сакаше да не пушти и не правеше никакви проблеми. Интервјуто ни траеше околу 25 мин.
Фала ви на честитките ) Инаку имаше уште два пара од Македонија кои исто така поминаа успешно. Значи прашањата се: Зошто Квебек? Кои се предностите на Квебек? Кога и каде сум учел француски. Како ќе се снајдам првата седмица во Квебек и сл. После истите прашања ги постави и на англиски. Ги бараше сертификатите од курсевите од Францускиот културен центар, потврди од работа и дипломите.